Јувентус со 2:0 го совлада Наполи, и го освои трофејот во Супер-Купот на Италија. Роналдо во 64. минута погоди, откако искористи една грешка во дефанзивата. Во 95. минута по еден противнапад Мората погоди за конечен триумф.

Наполи, пак, имаше огромна прилика да израмни, но Инсиње не реализираше пенал на 10 минути пред крајот. Голманот на Јуве, Шчесни магично одбрани и во 94 минута од средбата, и не дозволи Наполи да дојде до израмнување во тие мигови.

Елиф Елмас играше од 67. минута од средбата.

Ова беше прв трофеј за Пирло како тренер на Јувентус.