Легендата на германскиот фудбал Карл-Хајнц Румениге, предлага овогодинешното Европско првенство, да се одржи само во една земја, ако може во блиски градови, а не во цела Европа како што е предвидено и 12 градови.

Тој смета дека треба да се отстапи сега од таа идеја, која била донесена кога немало коронавирус, и да се реализира во 2024, а сега да се смени одлуката, и да се одржи во еден град.

„Мислам дека и УЕФА оди кон таа насока. Кога веќе е со став дека нема да се одложи, треба да се одигра во една држава“, рече Румениге.

Претходно беше објавено дека УЕФА размислува ЕП да го организира во една држава. Русија и Германија би биле како опции, додека се размислува и варијантата еден град – Лондон.

Конечната одлука треба да биде донесена некаде на средината на март, но се поизвесно е дека ќе биде сменета одлуката, и дека ЕП ќе се организира само во една земја.