Тимот на Силекс по серијата на српски засилувања изминатиот период овојпат се реши своите редови да ги пополни со интернационалец од Бугарија. Се работи за досегашниот играч на тимот на Етар, Свилен Штерев кој е играч за врска и кој има во моментов 28. години.

Досега има настапувано и за екипите на Бретсник, Пирин Гоце Делчев, Монтана, Дунав Русе и за уште неколку бугарски лигаши.

Силекс со ова пополнува една од „дупките “ во составот кои се создадоа по редицата заминувања оваа зима. Тимот во моментов е во Анталија на подготовки, а Штерев се приклучува во текот на утрешниот ден.