По и официјално завршување на дуелот меѓу ТФТ и Пелистер за малку ќе настанеше вистински хаос на теренот. Прв кон домашниот тим се пушти Стајиќ, а по него и останатите кошаркари. Настана мала мешаница на теренот која на голема среќа беше брзо решена.

ТФТ му го нанесе првиот пораз на Пелистер совладувајќи го со убедливи 97-82. Се чини битолчани не можеа да се помират со фијаското во Кале. Моментот можете да го видите на крајот на видеото.