Кожув и Вардар одиграа доста интересен натпревар, победникот се решаваше во последниот период, иако домаќинот влезе како фаворит. На крајот победата на овој дуел, ја однесе Кожув, кој по продолжение славеше со 86-82 и дојде до втората победа.

Почетокот најавуваше дека ова ќе биде лесна победа за гевгеличани, по првата четвртина поведоа со 28-21, во овој дел поведе и двоцифрено, 28-18. Кожув продолжи во ист ритам имаше и 42-28, на полувремето беше 43-36. Гостите со серија од 5-0 намалија на 45-43, а подоцна поведоа.

Последните десет минути беа вистинска драма, се играше кош за кош. Радош со тројка донесе водство на Вардар од 71-73, на спротивната страна Силаџи реализираше на 21 секунда до крајот за 73-73. Гостите не реализираа па мечот беше решен по продолжение, во кое подобро се снајдоа домашните кошаркари.

Силаџи постигна 22 поени кај победникот, Симоновски имаше 16 поени, Караџовски еден помалку. Во редовите на гостинскиот тим, Провел постигна 28.