Супер – ѕвездата на Бруклин Нетс, еден од најдобрите кошаркари во НБА, Кајри Ирвинг направи нешто што му аплаудира цела Америка. Имено Ирвинг му купи куќа на семејството на Џорџ Флојд, човекот кој во мај минатата година во Минеаполис беше убиен од страна на еден полицаец со гушење. Да потсетиме дека смртта на Флојд беше причина за најмосовните протести во историјата на САД.

Оваа информација ја потврди Стефон Џексон, некогашниот кошаркар на Сан Антонио со кого во 2003 година беше шампион во НБА.

Тоа семејство е полно со љубов. И затоа беше помогнато од луѓе од цел свет. Кајри им купи куќа, раперот Лил Вејн им купи автомобил, пејачката Барбара Стрејсенд им ги понуди своите акции во Дизни“ изјави Џексон.