Силекс со пораз ги почна пријателските натпревари во Анталија (Турција). Денеска кратовци играа против српската екипа Нови Пазар и изгубија со 1:0. Лош настап имаа фудбалерите на македонскиот тим кој речиси да не го загрозија посериозно противничкиот гол.

Инаку Нови Пазар победи со гол во 77 минута. Немања Периќ нафрла од корнер, голманот на Силекс Трајковски лошо процени, а дебитантот Јово Којиќ на втората статива со глава ја смести топката во мрежата.

Силекс следниот меч го игра против Колос од Украина.