Ќерката на Доналд Трамп се вери во Белата куќа, НА НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН ДЕН КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ (ФОТО)

20.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќерката на Доналд Трамп се вери во Белата куќа, НА НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН ДЕН КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ (ФОТО)

Тифани Трамп, најмладата ќерка на претседателот Доналд Трамп, во вторникот се вери со нејзиното момче Мајкл Булос.Убавата вест дојде на последниот ден на нејзиниот татко на функција како претседател на САД и парот се сврши во просториите на Белата куќа.

Ми беше чест да прославувам многу историски моменти, историски прилики и да создавам спомени со моето семејство овде во Белата куќа, но никој од нив не е толку посебен како свршувачката со мојот извонреден партнер Мајкл! Се чувствувам благословена и возбудена за следното поглавје од мојот живот, напишала таа во објавата на Инстаграм, додека објавила фотографија од себе и Булос во Белата куќа по свршувачката.

Булос, наследник милијардер, ја објави истата слика на Инстаграм и напиша: „Се верив со љубовта на мојот живот!“

Тифани Трамп, единственото дете на поранешниот претседател и неговата втора сопруга Марла Мејплс, живееше воглавно со Мејплс во Калифорнија.


Таа дипломираше на Правниот факултет во Џорџтаун во мај 2020 година и со текот на годините одржуваше низок профил во споредба со нејзината сестра и браќата.

27-годишната и Булос (23) се видени заедно на бројни семејни настани на фамилијата Трамп. Плановите на двојката по крајот на претседателствувањето со Трамп сè уште не се познати.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата