Цеца фати младо пиле, Дара Бубамара на дечко и може да му биде мајка, а што е со нашите?! И НИЕ ИМАМЕ ФАЦКИ ЗА ТРКА!

19.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цеца фати младо пиле, Дара Бубамара на дечко и може да му биде мајка, а што е со нашите?! И НИЕ ИМАМЕ ФАЦКИ ЗА ТРКА!

Цеца има нов дечко, Дара Бубамара веќе некое време е вљубена во Тони, Ана се разведе од Раста... и ако сите ви наликуваат на само обични вести од жолтиот печат, се лажете. И ова не се само наслови за кликови, туку и интересни вести затоа што зад сите се крие приказна во која јунаците привлекуваат внимание затоа што дамите во главните улоги во најмала рака би можеле да им бидат мајки на своите партнери. Се вели – љубовта не знае за години и граници, е ама ако разликата во години меѓу партнерите е 20 и кусур, тогаш приказната добива интересен заплет.

Во соседството фолкерката Дара можеби е најсвеж поекстремен пример зашто од својот дечко за кој до скоро сите мислеа дека се вика Тони, а всушност тоа му било ’никнејм’ за на Инстаграм и се викал Марко, е постара 23 години. Впрочем, подобро ќе било Тони да го остави да си игра со син и Коста, а таа да го “брка“ татко му на Марко, бидејќи свекорот и е генерација.

Но Дара е свеж пример, ама не и најекстремен. Рекордерка во однос на разликата во години е креаторката Верица Ракочевиќ, која од својот сопруг Вељко е постара цели 35 години. И засега добро им оди, иако неодамна таа имаше изјавено дека е спремна да го „ослободи“ да си ја најде среќата оти покрај неа не можел да има вистинско семејство.

За разлика од нив Ана Николиќ и Раста заедно едвај издржаа една година. Разликата во години кај нив беше 11 во корист на пејачката. Инаку, во моментов Раста е во притвор, а Ана се грижи за нивната ќерка Тара.

Уште еден интересен пар кој доаѓа од соседството се Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, чија разлика од 7 години во споредба со претходно споменатите делува како 7 дена.

Во центарот на вниманието деновиве е и Цеца која ја „потресе“ јавноста со веста дека има дечко. И тоа не кој било, туку угостителот Богдан кој е 9 години помлад. И за неа ова не е ништо ново затоа што и претходно во јавноста прошета младо пиле. Своевремено за рака се шеташе и со манекенот Владимир Цветковиќ – Цвеле кој исто така беше доста помлад од пејачката. Интересно е дека најголемата љубов на Цеца, сопругот Аркан, беше две децении постар од неа.

И ако мислевте дека домашните познати фаци заостануваат можеби заборавивте на Калиопи и Васил Зафирчев. Можеби разликата во години му пресуди на бракот, но не е тајна дека поранешните сопружници одлично функционираат и по разводот, а тоа досега неколкупати јавно го докажеле и покажале.

„Со Калиопи отсекогаш сме биле, пред сè, добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување. Таа ми е една од најблиските во животот. Се гледаме онолку колку што ни дозволуваат професионалните ангажмани, отсуства и патувања. Но секогаш се радуваме на можноста за заедничка средба или дружење, на кои покрај разговорот, уживаме во готвењето и убавата храна“, изјави во една прилика Зафирчев.

Следната домашна двојка се Хелена Роза и Игор Ѓорѓиевски. Иако разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, тие одлично функционираат и во нивниот случај важи онаа – кога има љубов има се. Двојката веќе некое време живее во Нов Зеланд, а освен ќерката Кјара од првиот брак на Хелена, имаат и син.

И фолкерката Лидија Милошевиќ - Саманта среќата си ја најде со помлад партнер, во случајов  поранешниот манекен и мистер Милош.
„За мене нешто најсвето е семејството. Мојот сопруг и синот се мојата движечка сила. Тие се темелот на моето постоење и се што правам, правам за нив двајца", рече во една прилика Саманта, која одамна ја нема во јавноста.

Што велат експертите за тоа која е идеалната возрасна разлика меѓу мажот и жената, за да имаат среќна врска и брак

Често пати луѓето со доза на љубопитство реагираат на паровите, при кои мажот е значително постар од жената или обратно. Иако годините не се мерило и гаранција за среќа, сепак истите се често предмет на дискусија. Како ќе се развијат односите во една врска или брак, во зависност старосната разлика меѓу вас и вашиот партнер.

Идеалната разлика во возраста меѓу маж и жена

Се смета дека најголемите брачни сојузи се создаваат, доколку сопругот е од 2 до 5 години постар од неговата сопруга. Во тој случај, умствениот развој на партнерите е речиси на приближно исто ниво и мажот е способен да застане на чело на семејството, воедно ќе биде способен да ја заштити неговата поубава половина. Доколку и двајцата партнери се возрасни и веќе ја надминале 30-годишната возраст, според експертите, подеднакво силен е и брачниот сојуз во таков случај, во кој партнерите се на иста возраст.

Паровите може да бидат исклучително среќни и доколку жената е малку повозрасна од нејзиниот сопруг, бидејќи помладите мажи, дамите ги сметаат за поинтересни и поатрактивни, а од друга страна мажите ги сакаат независните жени.

Доколку возрасната разлика меѓу партнерите е повеќе од 5 години

Постојат сè повеќе бракови, при кои сопругот е многу постар од својата избраничка, односно самото општество веќе полека ги прифаќа и овој вид на парови. Според експертите, докажано е дека дамите стапуваат во брак со многу постар партнер, бидејќи првично се привлечени од неговата зрелост и умешност за решавање на проблемите и на овој начин се чувствуваат многу позаштитени.

Според експертите, недостатокот во овој вид на односи е тоа што помладите партнерки секогаш тежнеат уште да се забавуваат, што не им одговара на нивните постари партнери.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата