(Видео) Дванаесет од 22 рудари заглавени од експлозија во рудник за злато во Кина испратија порака дека се живи

18.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Дванаесет од 22 рудари заглавени од експлозија во рудник за злато во Кина испратија порака дека се живи

Кинеските државни медиуми објавија дека 12 од 22 работници по експлозијата останале заглавени во рудник за злато една недела, но дека се живи, како и дека стотици спасувачи се обидувале да ги извлечат на сигурно.

Судбината на преостанатите десет работници е непозната, се додава во извештајот на агенцијата „Синхуа“.

Во пишаниот извештај се наведува дека четворица работници биле повредени и дека состојбата со другите се влошува поради недостаток на свеж воздух и вода, додава АП.

Претходните водачи на акцијата за спасување се приведени затоа што не дале извештај за состојбата во рудникот по 24 часа.

Станува збор за рудникот од областа Кикси, кој припаѓа на градот Јантаи во провинцијата Шангдонг и кој бил во фаза на реконструкција во времето кога се случила експлозијата пред една недела.

Повеќе од 300 работници се обидуваат да ги отстранат пречките додека дупчат нови отвори во камените sидови за да стигнат до областа каде што се наоѓаат работниците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата