Претставниците на Формула 1 денеска излегоа со демант на информациите за откажување на три трки во сезоната 2021 година и тоа: Големата награда на Монако, Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Канада.

„Ги објавивме деталите за ревидираниот календар за сезоната 2021 година и засега нема други промени. Претпоставката дека градските трки нема да се одржат е потполно неточна“, изјавил официјален претставник на Либерти Медиа.

Медиумите деновиве објавија дека тркитево Монако, Азербејџан и Канада нема да се одржат, а под знак прашалник е и трката во Саудиска Арабија. Како причина беше наведена ситуацијата со коронавирусот.