Антонио Конте најде формула за победа над својот поранешен тим Јувентус и ја прекина серијата од два меча без триумф во Серија А, токму во дуелот со лутиот ривал за шампионската титула. „Нероаѕурите“ вечерва на својот стадион дојдоа до победа од 2:0 со головите на Видал во првото и на Барела на почетокот на второто полувреме и успеаја да се искачат на највисокото место на табелата.

Интер со дванаесетата победа сезонава се израмни по бројот на бодови со градскиот ривал Милан, кој утре ќе го одигра последниот меч од ова коло и тоа на гостински терен против Каљари. Јувентус го претрпе првиот пораз по серија од три победи и остана на 33 бода кои го оставаат на 5. позиција на табелата.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore