Првиот светски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ испратил писмо до директорот на Австралија опен, Крег Тајли, во кое бара да се обезбедат еднакви услови за сите тенисери кои ќе учествуваат на турнирот.

Според информацијата, Новак побарал од Тајли да му обезбеди на секој играч опрема за тренинг, пристојна храна, да се намали тоталната изолација за 47 тенисери со спроведување на редовни тестирања, како и да им се дозволи на играчите да ги посетуваат своите тренери ако имаат негативни ПЦР тестови.