(ВИДЕО) Стерјовски покажа документи од 1923 г. за постоењето Македонци во Албанија

17.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Стерјовски покажа документи од 1923 г. за постоењето Македонци во Албанија

Единствениот пратеник Македонец во Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски, во емисијата „Топ стори“ на албанската државна телевизија аргументира за националното чувство на македонското малцинство во Албанија уште во 1923 година, кога Македонците немаа своја држава.

„Негаторите на македонскиот народ тврдат дека Тито ја измислил македонската нација во 1944 година.

Во мојот настап во емисијата ‘Топ стори’ на албанската национална телевизија Топ Ченел, изнесов италијански, бугарски и француски документи од 1923 година, со кои се потврдува дека населението во пограничниот регион меѓу Албанија и Македонија се чувствувало и изјаснувало како Македонци, иако во тој период немаме македонска држава“, напиша на Фејсбук претседателот на партијата Македонска алијанска за европска интеграција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата