Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил, одлета за Истанбул за да го комплетира трансферот во турскиот клуб Фенербахче. Германскиот фудбалер веќе е фотографиран како носи шал од новиот клуб.

„Нашиот клуб го донесе Озил во Истанбул за да го комплетира неговиот трансфер“, објави Фенербахче на Твитер.

Претходно беше објавено дека Арсенал и Месут Озил постигнале договор за предвремено раскинување на договорот.