Тренерот Стефано Пиоли ќе вклучи дури тројца младинци во составот за утрешниот меч со Каљари, откако дел од фудбалерите од првиот тим нема да настапат поради коронавирусот. Милан има два најнови случаи на заразени со коронавирус во клубот, Хакан Чалханоглу и Тео Хернандез.

Тие им се придружија на Анте Ребиќ и Раде Круниќ кои веќе се во изолација. Покрај оваа четворка, Милан е и без повредените Исмаел Бенасер и Матео Габија, како и без суспендиарниот Рафаел Леао.

18-годишниот играч за врска Енрико Ди Џесу беше исто така вклучен во составот за мечот со Торино во Купот на Италија, а покрај него утре во тимот ќе бидат и 19-годишниот дефанзивец Николаос Михелис, кој пристигна во клубот минатиот јануари од Астерас Триполис, како и 17-годишниот шведски напаѓач Емил Робак.