22-годишниот норвешки ски-скокач, Мариус Линдвик е победник на денешните натпревари од Светскиот куп на скокалницата во Закопане, Полска.

Линдвик беше втор во првата серија со 1,3 поени заостанување зад водечкиот Ланишек од Словенија, но во втората серија успеа да го престигне Словенецот кој имаше два метра пократок втор скок и на крајот да го освои првото место. Третото место го освои Норвежанецот Роберт Јохансон кој собра 3,6 поени помалку од водечкиот.

Ова беше трета победа на Линдвик во Светскиот куп, а прва за оваа сезона.

Водечкото дуо во генералниот пласман, денеска комплетно разочара. Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд стигна само до 23-то место, а Германецот Маркус Ајзенбихлер заврши на осмата позиција. Гранеруд сега има 956 поени, а Ајзенбихлер 716. На третото место со 646 поени е Полјакот Камил Стох, кој денеска беше 11-ти.