Дали навистина Ким Кардашијан ја копира Рада Манојловиќ - ЕВЕ ШТО ВЕЛИ РАДА (ФОТО)

17.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали навистина Ким Кардашијан ја копира Рада Манојловиќ - ЕВЕ ШТО ВЕЛИ РАДА (ФОТО)

Пеењето на Раде Манојловиќ никогаш не било доведено во прашање, додека нејзиниот стајлинг отсекогаш бил предмет на критика, и тоа негативна.

Меѓутоа, кога Ким Кардашијан се појави на промоцијата на нејзиниот нов парфем во слично издание што Манојловиќ го носеше во 2017 година во „Амиџи шоу“, модните експерти и критичарите се предомислија, барем таа така мисли.

Така Рада, од невкусна личност, преку ноќ стана модна икона. Манојловиќ служела како инспирација на Ким Кардашијан.

- Ким ја копираше Рада, но залудно! Овој костум многу повеќе и одговара на нашата Рајка. Кардашијан прво треба да изгуби тежина, а дури потоа да носи такви смели парчиња облека - се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фолкерката, како што вели, се забавува со сето ова.

- Фановите постојано ми праќаат клипови и фотографии и морам да признаам дека многу се забавувам додека гледам и го читам сето тоа - вели Рада Манојловиќ за „Ало!“ И додава:

- Никогаш не копирав никого, ниту пак ми беше гајле. Познато е дека сите костуми претежно ги дизајнирам сама, со помош на мојата шивачка која ми помага со години да бидам поразлична. Така беше и во случајот со тој розов костум што го носев во „Амиџи шоу“, а кој потоа наиде на претежно негативни коментари - изјави Рада Манојловиќ

- Мислам дека Ким не копираше некого, особено не мене. Исто така, костимите не се исти, иако, признавам, се слични. Во секој случај, јас сум поласкан и импресиониран од споредбата со толку убава и планетарно позната дама - вели Манојловиќ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата