Еве кои актери актерки биле дел од школата на Мика Алексиќ ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ

17.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве кои актери актерки биле дел од школата на Мика Алексиќ ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ

Познатиот  режисер и продуцент како и сопственик на школа за глума, Мирослав Мика Алексиќ, вчера беше приведен полициска станица, а актерката Милена Радуловиќ реши да не молчи, и во своето шокантно признание истакна дека имала 17 години кога ја силувал.

Алексиќ е продуцент, актер и филмски режисер и многу актери го посетувале неговото училиште. Некои од нив се: Никола Којо, Борис Миливољевиќ, Никола Ѓуричко, Мирјана Јоковиќ, Виктор Савиќ, Вук Костиќ, Нада Маканковиќ, Ања Алац, Ваја Дујовиќ, Марија Бергаман, Хана Селимовиќ, Ивана Зариќ, Бојана Стефановиќ и други.

- Бев во училиштето на Мика Алексиќ кога ме силуваше. Имав 17 години. Тоа не се случи еднаш. Се повтори - рече Милена Радуловиќ и додаде:

- Групата имаше свои добри страни. Читавме една книга неделно, одевме во театар, гледавме филмови, бевме културни, добри деца. Се пропагираше религија, часовите започнуваа со молитва „Оче наш“, девојчињата доаѓаа во здолништа, момчињата во чевли, коса и нокти мораа да бидат уредни. Но, секогаш беше строго, сурово. Тој беше многу строг и сите велеа: „Па добро, тој е суров, но таков е Мика, тој има свои методи. Имаше јасни правила - вели Милена Радуловиќ за Блиц.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата