Ниту два пати водство на Борусија Менхенгладбах, не беше доволно на крајот да дојде до три бода.

Штутгарт во 96. минута од пенал стигна до израмнување и му „скина“ два бода на гостинот.

„Менш“ дојде до водство преку пенал во 34. минута на Штиндл. Во 58. минута Гонзалез израмни. Во 61. минута Закарија донесе ново водство, а Вамангитука од белата точка во шестата минута од продолжението погоди за 2:2.