Според информациите на „Goal.com“ Баерн Минхен се приклучи на Тотенхем во трката по одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид Едер Милитао. Бразилецот не се прослави во „кралскиот клуб“ па се поверојатно е дека ќе оди во друга средина, се споменуваше позајмица во Тотенхем, меѓутоа сега во игра се вклучил и Баерн кој исто така го сака на позајмица.

Во меѓувреме германскиот шампион може да го испрати младиот напаѓач Џошуа Зиркзе во Евертон.Фудбалерот влезе во првиот тим во декември 2019 година, меѓутоа преголемата конкуренција, пред се фантастичната форма на Левандовски како и другите ѕвезди како Милер, Коман, Гнабри не му дозволија тој да се пробие во стандарден играч.

Холанѓанецот може да отиде да се развива во Евертон како позајмен фудбалер, пренесува „talkSPORT“. Според истиот извор се зборува за позајмица до крајот на сезоната со можност за откуп на договорот. За Зиркзе има интерес од Парма, но Евертон е далеку појака опција за младиот фудбалер.