Репрезентацијата на ДР Конго игра на ракометното СП во Египет. За африканската селекција игра Гаутие Мвумби кој е пивот, а кога ќе го видите како физички изгледа страв да те фати – посебно ако треба да се туркаш со него. Мвумби даде четири гола на дуелот со Аргентина денеска. Игра за Вернуи од Франција, викаат има 130 килограми, а висок преку 1,90 метри.