Вечерва на СП во Египет се одиграа уште три натпревари. Данска во целост ја оправда улогата на голем фаворит и славеше, во меч од групата “Д“ против Бахреин со 34-20 (19-10). Лесно, моќно а најдобар поединец кај победничкиот тим беше Гидсел со 11 голови.

Тунис и Полска одиграа интересен и квалитетен меч кој заврши со триумф на европскиот тим од 30-28 (17-17). Во првиот дел беше израмнето, но од средината на вториот период полските ракометари почнаа резултатски да се одлепуваат па на крај победија со два гола рзлика. Сосема доволно за првите бодови на Мундијалот.

Ова беше натпревар од групата “Б“, каде претходно во попладневниот термин Шпанија и Бразил одиграа без победник, па така сега Полска е прва во групата со 2 бода.

И во третиот вечерашен меч се сретнаа Унгарија и Зеленортските острови, ова беше натпревар од групата „А“. И на овој натпревар големиот фаворит успеа да победи, и тоа убедливо со 34-27 (19-14).