Во првиот меч од 16. коло на Бундес лигата Унион Берлин го совлада Баер Леверкузен со 1:0 со гол на Тешер во 88 минута. За Унион ова е одличен резултат против Баер ако се знае дека ги изгуби сите претходни пет натпревари од нив вклучувајќи ги два меча во првенството и три во Купот.

Берлинската екипа изненадувачки е на четвртото место на табелата, додека Леверкузен остана на третото (барем до одигрување на утрешните натпревари) и го запиша третиот пораз сезонава. Унион има 28 бода и ова за нив е седма победа во шампионатот, а Леверкузен има 29 бода или четири помалку од лидерот Баерн Минхен.

А Баер беше лидер до пред Нова година, но потоа изгуби од Баерн Минхен па влезе во една лоша серија од четири првенствени меча без победа.