Николоски: Со скапо платена кампања „сите се исти“ СДСМ ГИ ТЕРА ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГЛАСААТ

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Со скапо платена кампања „сите се исти“ СДСМ ГИ ТЕРА ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГЛАСААТ

Постои огромно незадоволство кај народот, но единствениот начин да се промени власта е луѓето да излезат и да гласаат на избори. Целта на СДСМ е народот да остане дома и затоа најскапата кампања што ја води СДСМ преку медиуми и новинари кои што ги поддржуваат е кампањата сите се исти“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Јади бурек“ кај Јанко на ТВ Сонце.

Николоски потенцира дека тоа е најскапата кампања на СДСМ која што толку добро е организирана и скапо платена што до обичните граѓани стига како да е од некоја трета страна или некое тело формирано од самите обични граѓани.

- Но, оваа кампања е креирана и водена од тајни служби и луѓе кои што многу добро знаат психологија. И по мене ова е една од најуспешните кампањи на СДСМ во пи – аровскиот дел. Затоа што успеаа да наметнат кај дел од народот резигнација – не ме интересира политика, не сакам да гласам, сите се исти што е апсолутно неточно, но со сите ресурси кои што ги има власта, кои што ги краде од народот ете од тие стоки и ресурси и други трансфери што ги споменав, имаат доволно да платат луѓе кои што им се блиски, нопвинари, медиуми, за да оваа кампања вози, рече Николоски.

Но, тоа не е така, продолжи Николоски, бидејќи ниту може да се спореди Мицкоски со Заев, ниту него со било кој од СДСМ. Затоа што едноставно не се споредува.

-Ниту по чест, ниту по углед, ниту по образование и семеен бекграунд. Јас со златни вилушки дома ниту ручам ниту вечерам. На плишани фотелји од по илјада евра една, јас не седам. Јас не возам четирицикл, Ауди 7-ца или БМВ не знам ни која серија не умеам да го кажам. Тоа е разликата помеѓу мене и било кој од СДСМ, а помеѓу Заев и Мицкоски не се ни споредува – едниот е професор, а другиот не знамеме ни дали факултет завршил. Ете излезе човек од Ректоратот и кажа дека дипломата за факултет на Заев е спорна. Заев е аболициран за криминал неколку пати, а Мицкоски нема никаква дамка. Но, пропагандата на СДСМ “сите сме исти” тоа го разочара народот и комбинирано со стравот од короната доведе до 51 процент излезност. Ако на следните избори имаме над 70 проценти излезност јас сум убеден во убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што опозиционото расположение е тука, само тоа треба да се материјализира на избори, посочи Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата