Ковид-19 и натаму е присутен во Англија, бројките се големи, смртноста исто така. Во последно време на Островот некои политичари, доктори и познати фаци реагираа на тоа дека фудбалерите не смеат при радување на постигнати голови да се прегрнуваат и слично.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола јавно се произнесе во одбрана на фудбалерите и им порача на политичарите дека играчите не се виновни за распространување на пандемијата.

“Многу бизниси не можат да функционираат и затоа пропаѓаат. Имаме среќа што можеме да играме фудбал, што можеме да си ја завршиме својата работа. Сите ние сакаме да ги следиме правилата и протоколите, бидејќи знаеме колку е тешка ситуацијата во В. Британија. Многу луѓе умираат секој ден. Сепак играчите не се виновни за оваа ситуација. Оваа пандемија ја има насекаде низ светот“ искоментира Гвардиола.