Во склопот на подготовките Металург закажа и четири пријателски средби, преку кои ќе се бруси формата потребна за продолжетокот на сезоната и предизвиците што ја очекуваат на трите фронта: првенството и Купот на Македонија и Лигата на Европа.

23 јануари: Металург – Вардар
25 јануари: Металург – Беса
26 јануари: Металург – Беса
29 јануари: Металург – Тиквеш

Првата официјална обврска на Металург за втората полусезона е на 9 февруари, кога дома ќе ја пречека екипата на Феникс Тулуз. Во февруари екипата ќе одигра уште два меча од групната фаза на Лига Европа, со екипите на Висла Плоцк и на Фиверс.