Како што и беше планирано, денеска Хасан Озер, новиот тренер на Шкупи го одработи првиот тренинг со чаирчани и тоа во Анталија. Откако доцна синоќа чаирчани пристигнаа во Анталија, денеска се тренираше. Озер прво се запозна со играчите, им кажа што ги очекува во наредниот период и тренингот можеше да почне. Од утре ќе се работи по двапати во Анталија каде играчите имаат одлични услови, а денеска на тренингот присуствуваше и првиот човек на Шкупи, Огун Ајдин, кој истовремено им честиташе на играчите за успешната есенската полусезона и им посака многу среќа во пролетниот дел.