УЖАС ВО АВСТРАЛИЈА: Мајка си ги убила трите деца на возраст од 3, 5 и 7 години

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЖАС ВО АВСТРАЛИЈА: Мајка си ги убила трите деца на возраст од 3, 5 и 7 години

Кејти Периновиќ, двете нејзини ќерки Клер (7), Ана (5) и синот Метју (3) биле најдени мртви во четвртокот вечерта во нивниот дом.
Таткото на децата, Томислав (48) ги нашол сите четири мртви во домот и шокиран викнал брза помош.

Според полицијата во Австралија, каде што се случил настанот, 48-годишниот не е вмешан во овој инцидент и не се бара никој друг за овој случај. Според истражителите, Кејти е единствената одговорна за четирите смртни случаи.
Некои од нивните соседи рекле дека разговарале со Кејти неколку часа пред инцидентот.
Даниел и Вики Шкембри, кои живеат на истата улица рекле дека Кејти им однела храна дома, истиот ден кога се случил настанот.
Таа тропна околу 5 и 30 попладне донесе храна и се заблагодарив и таа ми рече догледање, рекол Даниел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата