Академија ФМП му го нанесе вториот пораз на Работнички (75-69) оваа сезона. Тимот од Кисела Вода заслужено се радуваше на големиот триумф (вкупно петти), го диктираше темпото во текот на целиот натпревар, беше подобра екипа на теренот.

Двата тима одиграа интересен натпревар, гостите го имаа само воведното водство (4-7), избраниците на Александар Петровиќ со серија од 11-0 поведоа со 15-7, пред крајот на првиот период имаа плус 11 (24-13). Нивната доминација продолжи, Работнички единствено што успеа е само на двапати да израмни.

На полувремето беше 35-34. ФМП држеше ритам, одржуваше водство од четири до пет поени. Во последните три минути од дуелот, „црвено-белите“ се обидоа да се вратат, како против Црн Дрим. Ефремовски постигна тројка за 72-69, на другата страна Харис промаши две слободни фрлања, сепак грешката ја исправи Крстајиќ за 74-69 за потврда на победата.