Лесно и во три сета Турција го доби и вториот меч против Босна и Херцеговина на квалификацискиот турнир во Скопје. Во борбата за првото есто кое води на европското првенство, Турците останаа со 100% ефект, откако денеска лесно ја минаа Босна и Херцеговин пред одлучувачкиот меч со Македонија утре во СЦ „Борис Трајковски“.

Босанците во првиот сет беа тотално „разоружани“ и освои само 9 поени, а малку подобра игра прикажааво следните два сета во кои додјоа до 19, односно 18 поени.

Селекторот на Турција главно им даде предност на оние од клупата меѓу кои Бајрам реализираше 10 поени, а Тој и Карасу имаа по 9.

Кај селекцијата на БиХ најдобар поентер беше Бездроб со 7 поени.