Лино Червар и Хрватска се извлекоа во последните секунди против Јапонија која беше близу да приреди сензација на стартот на СП, благодарение на Иван Чупиќ на крајот оваа средба заврши без победник 29-29.

На вакви големи натпреварување се покажа дека нема лесни натпревари. Хрватските ракометари мислеа дека лесно ќе дојдат до првите бодови на СП, но противникот изненади, поведе со 2-7. Резултат кој не даваше надеж дека во ист ритам ќе продолжи мечот. Јапонците ги држеа конците на мечот, одбраната на Червар немаше решение за нивниот напад. Имаа негатива од шест гола 10-16 и 11-17, на одморот беше 14-17.

Се вратија Хрватите во второто полувреме, по 18-22 со серија од 5-1 изедначија на 23-23, предводени од Хорват и Дувњак. Дуелот влезе во неизвесна завршница, во која Јапонците имаа гол предност. Во последните 30 секунди, Чупиќ погоди од седум метри за реми.

Во групата А, Германија ја оправда фаворитската улога го совлада Уругвај со убедливи 43-14, оваа средба беше решена по првото полувреме, кога „панцирите„ дојдоа на плус 12 (16-4).