СЕКОГАШ СЕ СПАСУВА ОД ЗАТВОР - Васфија доаѓа од Босна и е најпознат крадец во Европа

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕКОГАШ СЕ СПАСУВА ОД ЗАТВОР - Васфија доаѓа од Босна и е најпознат крадец во Европа

Васфија.Х важи најпознат крадец во Европа, додека италијанските медиуми ја нарекоа и „Госпоѓа крадец“.

После 20 години, правење „пустош“ низ Италија, нејзиниот „бизнис“ се пресели во Германија, пишува во петокот весникот од Босна и Херцеговина, „Oslobodjenje“.

Таа беше уапсена во септември минатата година и за првпат испратена во затвор.

Васфија се споредува со познатата актерка Софија Лорен (86), која во младоста во ја играла улога на криминалец и била постојано бремена и со тоа го избегнувала затворот. Во филмот таа имаше седум деца.

Васфија, која исто така има и босанско државјанство, забременила 13 пати, за да избегне затвор.

Барем така известуваат италијанските медиуми, пишува „Oslobodjenje“.

Веќе 20 години го држи епитетот на „мајстор на џебовите“, од Рим до Милано. Само во Рим била фатена 40 пати. Италија издала дури 20 потерници, но таа секогаш успеваше да се спаси „без трн во ногата“. Васфија секогаш била бремена за време на кражбите и и се спасуваше.

Досега избегнала казни од вкупно19 години, продолжува весникот „Сараево“.

Италијанските медиуми пишуваат дека таа има девет деца, од вкупно 13 бремености. Најстарото дете има 17 години, додека најмалото 16 месеци.

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, во 2019 година, објави твит со нејзината фотографија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата