Филип Гачевски повторно е херој на својот тим Енозис. Нашиот интернационалец предмалку на домашен терен го предводеше својот тим до триумф против АЕЛ Лимасол од минимални 1:0 и со тоа освои злато вредни три бода со кои полека но сигурно излегува од опасната зона на табелата.

Гачевски е херојот на својот тим затоа што во првиот дел односно во 16. минута одбрани пенал кој го шутираше Риера Сито, и го остави својот тим во резултатски егал. Тоа неговите соиграчи подоцна во вториот дел го наградија со гол, кога Маисурадзе погоди за водство, а потоа се покажа и триумф на овој меч.

Гачевски брани одлично во моментов и ова е втор негов одбранет пенал сезонава. Претходно одбрани пенал и против тимот на Апоел.

За поразениот тим на АЕЛ Лимасол кој патем е еден од фаворитите за титулата во шампионатот на Кипар и е втор на табелата настапи нашиот интернационалец Давор Здравковски.