Уште еден фудбалер на Вардар зимава ќе се вброи во редот на оние кои ќе си заминат од овој клуб. По многуте сениорски но и младински членови на тимот, Фитр Реџепи е следниот кој нема намера повеќе да биде дел од Вардар. И тој заминува, а играчот од дефанзивата кој е роден во Куманово, наскоро ќе одбере каде ќе ја продолжи кариерата.

Тој своевремено важеше за еден од најнадежните фудбалери на Вардар ја мина младинската школа, а потоа дебитираше и за сениорскиот тим, а играше паралелно и како стопер но и како лев бек.