Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул пред неделното дерби против Манчестер Јунајтед кое се игра на Енфилд со почеток од 17:30 смета дека овој меч нема да му помогне на ниту еден од двата тима да ја освои титулата и да бидат освоени трите бода. Премногу има до крајот за овој меч има такво значење.

„Многу е тешко да се победи Јунајтед. Не е потребна дополнителна мотивација. Доволно е што играме против таков клуб, и сакаме да го победиме. Не размислуваме за табелата ниту пак за останатите екипи. Едноставно сакаме да го добиеме овој меч, а потоа ќе размислуваме за следниот и така се до крајот на сезоната“ – изјави Клоп потенцирајќи дека сеуште не е познато дали Џоел Матип ќе настапи на овој меч.