Во недела се игра веројатно најважниот меч во целата Премиер лига сезонава. На Енфилд домаќинот Ливерпул го пречекува актуелниот лидер на табелата тимот на Манчестер Јунајтед кој има три бода предност.
Тренерот на Јунајтед вели дека е исклучително оптимистички расположен пред овој натпревар и дека едвај чека што се вели да започне.
„Тоа што сме лидери на табелата ни дава огромна самодоверба. Натпревар против шампионот, кој има фантастичен скор на свој терен за нас е огромен предизвик. Ние сме кандидати за титулата, сакаме да ја освоиме. Сакаме да имаме и ние она што во моментов го има Ливерпул“ – изјави Солскјер па додаде.

„Формата е минлива работа, но кога одите да играте на Енфилд чувството и мотивацијата се посебни. Убаво е да се биде на чело на табелата во јануари, но поубаво е да сте први во јуни“ – вели стратегот на Јунајтед.