Милошоски: Кај нас попис се турка на сила, а Германија го одложи да не ризикува животи во пандемија

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милошоски: Кај нас попис се турка на сила, а Германија го одложи да не ризикува животи во пандемија

Пописот не само што се пробува да се донесе на сила, туку и законот каков и да се донесе, не е исто што и неговото реализирање. Пописот е операција која што не треба да се спроведе за само да и пројде редот, туку да има значење и граѓаните да ги знаат точните информации во однос на населението во државата, изјави на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски

- Република Македонија се уште се соочува со пандемијата од Ковид-19 вирусот и тоа е огромна причина да се размисли дали во моментот е потребен попис кој ниту ќе биде релевантен, ниту пак ќе придонесе за прецизирање на одредени податоци, истакна Милошоски.

Според Милошоски голем број на земји ги одложиле пописите кои требале да се случат кај нив оваа година, само поради лошите и поразителни бројки на починати и заболени од Ковид-19 вирусот.

- Не е нормално во време кога навистина се бориме со пандемија, да ризикуваме дополнително со животите на граѓаните. Една Германија, Бугарија и уште низа на земји ги одложија пописите кои беа предвидени за оваа година и ги преместија за во 2022 година. Политичарите кај нас доколку размислуваат зрело, треба да ги направат истите чекори и пописот да не биде избрзан и фингиран, а потоа да се чекаат нови 20 години за нов попис", додаде Милошоски.

Милошоски потенцираше дека пописот треба и мора да се реализира, но не сега во овој момент и под вакви услови.

- Со мало пролонгирање на пописот, ќе се избегнат лоши ситуации во однос на пандемијата и ќе се изработи модел преку кој пописот ќе го добие своето вистинско значење и неговото реализирање ќе придонесе со нови точни статистички податоци за населението вп државата, заврши Милошоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата