Чекавме снег, А НАС НЕ ЧЕКААТ СИБИРСКИ -20 ДЕНОВИВЕ

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чекавме снег, А НАС НЕ ЧЕКААТ СИБИРСКИ -20 ДЕНОВИВЕ

Чекавме снег, а со снегот добивме и сибирски температури кои не чекаат наредните денови.

Поларниот бран во Македонија пристигна уште во текот на вечерните часови од вчерашниот ден кога поголем дел од државава беше зафатен од снежни врнежи кој беа поинтензивни во западните и во југозападните предели. Најголема снежна покривка има во Битола и тоа околу 30 сантиметри. Најниска температура во текот на денешното изминато утро исто така е регистрирана во Битола, и тоа -13°C.

Во текот на следните часови облачноста ќе се зголемува и во јужните предели, особено во текот на ноќта и утре ќе има послаби врнежи од снег. За време на викенот кој е пред нас ќе дува умерен, Долж Повардарието засилен северен ветер.

Ќе биде МНОГУ ПОСТУДЕНО и тоа поради понатамошното спуштање на поларната воздушна маса од Сибир, па така за време на викендов како и на почетокот од следната недела понекаде температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -20 степени, особено на повисоките и планинските места.

Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 4 степени во крајните југоисточни предели од државава, што значи дека и преку ден во најголем дел од Македонија истите ќе се задржат многу ниски и под нулата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата