Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Арсенал, Микаел Силвестре излезе со своја прогноза околу тоа кој ќе биде шампион во премиер лигата оваа сезона. Според Французинот, формата и квалитетот оваа сезона во прв ред кандидати за титулата ги става Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

„Според мене, само три тима учествуваат во шампионската трка оваа сезона, тоа се: Манчестер Јунајтед, Ливерпул и, можеби, јас ќе го додадам и Лестер. Ова е необична сезона и добро е Јунајтед да биде во трка за тронот, наместо да игра далеку од ривалите на врвот. Сега треба да останат на врвот. Во моментов, тимот е во многу добра позиција“, вели Силвестре.