Кривична пријава за охриѓанец кој организирал семејна прослава со 20 гости

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична пријава за охриѓанец кој организирал семејна прослава со 20 гости

Охриѓанецот Ш.К (47) во сред пандемија организирал семејна прослава со присуство на 20 гости.

„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.К.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 21.11.2020, при извршена контрола во домот на пријавениот, полициски службеници констатирале дека организирал семејна веселба со присуство на 20 гости. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот ковид-19 соопшти МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата