Убава вест од Запорожје, Украина. Предмалку нашиот футсал шампион КФ ШКупи ги доби резултатите од Ковид-19 тестовите и сите се негативни. Тоа значи дека тренерот Радиќ ќе може да смета на сите свои сили на утрешниот дуел од 1/16 финалето во Лигата на Шампионите во футсал против домашниот состав на Кершон. Состав кој може да се победи, се разбира ако момците на ШКупи го дадат својот максимум. Инаку во случај на триумф, чаирчани ќе се пласираат во следната рунда, во 1/8 финалето. За таа фаза од ова натпреварување ждрепката ќе се одржи на 21 овој месец, а мечевите од осминафиналето ќе се играат в февруари.

Во 1/16 финалето против Кершон, Шкупи ќе одигра само едне меч, оној утрешниот кој започнува во 13 часот по македонско време, нема реванш. И затоа со сите сили треба утре да се удри по домашниот и квалитетен состав на Кершон.

Како што велат од таборот на нашиот шампион, по долгото патување до Запорожје, тимот веќе два дена се аклиматизира, одработени се три тренинга, нема повреди, атмосферата е на највисоко ниво.