И дефинитивно претседателските избори во Барселона нема да се одржат, како што беше планирано, на 24 јануари. Вечерва треба да има состанок на надлежните кои треба да ги спроведат овие избори, за да одлучат за новиот датум. Ова денеска го јавуваат медиумите во Шпанија, очекувана вест ако се знае дека коронавирусот и натаму беснее во Шпанија, и во Каталонија. Факт е дека власта во Мадрид наметна нови рестриктивни мерки, не може да се патува слободно низ земјата, па така голем број на лица кои имаат право на глас, физички не можат да гласаат. Се очекува вечерва, покрај новиот датум да се реши и за новите начини на гласање, преку пошта или на мејл.

Инаку овие претседателски избори се важни за Барса зошто од нив ќе зависи и судбината на клубот, иконата Лео Меси. Се очекува во случај ако Лапорта се врати на чело на клубот, Аргентинецот да остане на “Камп Ноу“, во спротивно тој ќе се оди.