Македонската одбојкарска репрезентација утре го игра решавачкиот меч со Турција во битката за пласман на европското првенство. По триумфот над БиХ, нашите одбојкари сите мисли ги насочија кон утрешниот дуел.

“Навистина мислиме само на тој меч утре. Нема веќе математика, одиме до крај, па што биде-биде. Малку сме уморни, вчера се исцрпивме, но ме радува што одигравме еден многу добар меч. Цела екипа одигра одлично. Имавме добар прием, одлично одигра Ангеловски, нападот функционираше, бевме доминантни. Денеска имавме само полесен тренинг, па попладневно следуваат видео-анализите. Мораме да се подготвиме и тактички и психички. Турција ќе сака да победи без разлика што и сет и врши работа. Ќе биде тешко, но нема предавање. Ќе се бориме до последен поен”, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.

Попладнево од 18 часот Турција се среќава со БиХ, а утре во истиот термин се игра одлучувачкиот меч, Македонија – Турција.