Младиот шпански тенисер Карлос Алкарас ќе го има својот прв настап на Грен слем турнир, откако успеа да обезбеди место на главниот турнир од овогодинешниот Австралија опен. 17-годишното момче од Мурсија, кое многумина го сметаат за новиот Надал, ќе стане првиот играч, роден 2003 година, што ќе игра на најголемото тениско натпреварување во Мелбурн.

Интересно е што и сега најпопуларните светски имиња од „големата тениска тројка“ имаа по 17 години кога играа на првиот свој Грен Слем. Надал дебитираше на Вимблдон во 2003 година, Новак Ѓоковиќ на Австралија опен во 2005 година, а Роџер Федерер на Ролан Гарос во 1999 година.

„Карлос Алкарас стана не само голема надеж, туку и природна замена за Рафаел“, напиша неодамна во својата колумна Тони Надал, чичкото на големата ѕвезда на светскиот тенис Рафа Надал.