Генерали Инвестментс АД Скопје ја зајакна својата позиција на пазарот

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Генерали Инвестментс АД Скопје ја зајакна својата позиција на пазарот

Генерали Инвестментс ја финализираше процедурата за спојување на ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје

 Со ова спојување Друштвото Генерали Инвестментс АД Скопје ја зацврсти својата пазарна позиција. Основано во 2008 година, Друштвото управуваше со 4 инвестициски фондови, и приближно 2.000 клиенти.

По преземањето на Илирика, компанијата припои 3 инвестициски фонда со околу 1.900 клиенти, и индивидуално управувано портфолио, со што средства под управување на отворените инвестициски фондови се зголемија на 35 милиони евра и 3.900 клиенти. 

Генерали Инвестментс АД Скопје сега управува со 7 инвестициски фондови Генерали БРИК, Генерали Нова ЕУ, Генерали Топ Брендови, Генерали Кеш Депозит, Илирика Глобал Растечки Пазари, Илирика Југоисточна Европа, Илирика Кеш Фонд како и со индивидуално управувано портфолио.

Проспектите и Статутите на фондовите, како и Општите услови и Договорите за Индивидуално управување остануваат непроменети. 

“Генерали Инвестментс АД Скопје останува цврсто закотвена на пазарот на капитал во земјава и со оваа аквизиција ја зацврсти својата позиција како едно од најдобрите друштва за управување во регионот. Под групациската закрила на Генерали Инвестментс, се отвораат вратите за уште појак локален и интернационален развој и проширување на производите и услугите за клиентите.” изјави Luka Podlogar, Претседател на Одборот на директори на Генерали Инвестментс АД Скопје. 

“Ние ги интегриравме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар.  За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група” изјави Лазе Камчев, Главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје. 

Генерали Инвестментс АД Скопје е дел од Генерали Групацијата и управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на Централна и Источна Европа, поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион.

Групацијата Generali, која е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства е основана во 1831 и е присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти.

Групацијата е лидер во Европа, но и континуирано го зголемува учеството во Азија и Латинска Америка. Амбицијата на Generali е да се биде “животен- партнер” на своите клиенти нудејќи им иновативни и персонализирани решенија благодарениe на својата дистрибутивна мрежа. 


 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата