Усвоен годишниот план со мерки и програми за намалување на невработеноста

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Усвоен годишниот план со мерки и програми за намалување на невработеноста

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема усвојувањето на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.

„Со Оперативниот план за вработување за 2021 во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување како и креирање на ад-хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на труд, предизвикана од пандемијата од Ковид-19. Притоа, посебен акцент беше ставен на директната интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата“, се наведува во соопштението.

Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица, продолжува со креирање на политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.

Таа додаде дека со оглед на успешноста на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата, оваа година трансферот на средства за програми за вработување е зголемен за повеќе од четири пати во однос на минатата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата