На Полјачки им се заканува затвор поради транспаренти со Богородица во боите на виножитото

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Полјачки им се заканува затвор поради транспаренти со Богородица во боите на виножитото

На три Полјачки им се суди за навреда на верските чувства поради поставување на транспаренти на кои е претставена најсветата полска икона на Богородица со ореол во боите на виножитото, пишува „Политико“

Доколку се докаже дека се виновни, им се заканува затворска казна од две години.

Судскиот процес, кој започна во средата, привлекува меѓународно внимание и поради употребата на контроверзниот полски закон за заштита на верските чувства и поради повторното појавување на прашањата за правата на ЛГБТ заедницата во Полска.

Во април 2019 година, три жени, Елзбиета Подлешна, Ана Прус и Јоана Гзира-Искандар Подлешна, кренаа транспаренти во знак на протест против традиционалната велигденска поставка поставена од црква во Плок, на околу 110 километри северозападно од Варшава.

Во нивниот приказ се наведени гревови против кои верниците треб да се борат – почнувајќи од традиционални како „алчност“, „омраза“ или „завист“ до „ЛГБТ“ и „полот“.

„Непосредната причина за нашето дејствување беше хомофобичлниот и болен приказ поставен во црквата“, рече Подлешна пред судот, додавајќи дека е верничка и дека не гледа ништо лошо во протестот во кој Богородица ја користела како универзален симбол на љубовта на мајката и детето.

„Она што го видов е омраза, презир, агресија“, рече Прус.

Таа рече дека трите користени транспаренти, кои веќе биле отпечатени за претходни протести, служат како знак на жалба за, како што рече, лицемерието на црквата која не се справува со скандалите со педофилија, но ги напаѓа ЛГБТ луѓето.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата