(Видео) Најмалку 30 загинати во земјотрес во Индонезија

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Најмалку 30 загинати во земјотрес во Индонезија

Најмалку 30 лица загинаа, а стотици се повредени во земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот остров Сулавеси.

Во земјотресот се урнала болница, а медиумите јавуваат дека шест пациенти, членови на нивните семејства и медицински персонал останале заробени под урнатините и по нив трагаат бројни спасувачки екипи.

Земјотресот се почувствувал околу 01:00 часот по локално време и траел околу седум секунди. Не е издадено предупредување за цунами, но илјадници луѓе ги напуштиле своите домови, бегајќи на безбедно.

Властите предупредија дека силните земјотреси можат да бидат придружени со помали и дека може да има опасност од цунами кои се карактеристични за оваа област, пренесува Би-Би-Си.

Островот Сулавеси беше погоден од силен земјотрес во 2018 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата