Угина жирафата Тобого од скопската зоолошка

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Угина жирафата Тобого од скопската зоолошка

Направената обдукција на жирафата Тобого која нанедејно угина во скопската зоолошка градина, не утврдила физички повреди, а во наредните денови се очекуваат целосните резултати, информираат од управата на зоолошката.

Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого💔
Денеска беше направена обдукција…

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Четврток, 14 јануари 2021

„Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Роден е во Франкфурт на 9 декември 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 5 ноември 2013“, се наведува во кусоро соопштение.

„Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, порачаа вработените во скопската зоолошка преку официјалната фејсбук страница.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата